Македонскиот бисер Ѓорѓиевски се сели во Чешка

September 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонскиот бисер Ѓорѓиевски се сели во Чешка

Македонскиот младински репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски е пред нов предизвик во кариерата – трансфер во втората чешка лига. 20-годишниот талент на Брера договори премин во редовите на ФК Збројовка Брно, клуб со богата традиција кој има амбиции за враќање во елитата. Ѓорѓиевски утре треба да ги мине задолжителните медицински прегледи и да стави потпис на договорот. Само еден ден претходно, младинскиот репрезентативец настапи за Македонија У21 против Италија во Битола, каде што собра ново интернационално искуство. Фудбалерот претходно се поврзуваше со трансфери во шкотски Данди и македонскиот Вардар, но тие преговори не се реализираа. Дополнителен мотив за заминувањето е нарушениот однос со раководството на Брера, поради што Ѓорѓиевски не беше дел од составот во првите кола од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.