Рафиња лут на Анчелоти: Зошто ме пушти да играм?

September 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рафиња лут на Анчелоти: Зошто ме пушти да играм?

Бразил доживеа минимален пораз од Боливија (1-0) во меч кој немаше резултатско значење за „кариоките“, но зад кулисите се случи мала тензија. Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека Рафиња бил разочаран и лут на селекторот Карло Анчелоти поради одлуката да го користи во Ла Паз. Натпреварот се играше на екстремни 4.100 метри надморска височина, а температурата во текот на мечот беше само шест степени – услови кои традиционално претставуваат голем проблем за гостинските играчи. Капитенот на Барселона сметал дека требало да биде поштеден, особено имајќи предвид дека е еден од клучните фудбалери на Бразил и дека го очекува напорна клупска сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.