Халанд против Молдавија направи подвиг невиден скоро 50 години

September 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд против Молдавија направи подвиг невиден скоро 50 години

Ерлинг Халанд повторно напиша историја на меѓународната сцена откако постигна пет гола во победата на Норвешка против Молдавија со 11-1. Напаѓачот на Манчестер Сити има неверојатен биланс – на 45 настапи за националниот тим веќе има 48 голови, и реално е до крајот на годината да ја мине границата од 50 погодоци, иако има само 25 години. Ова не е првпат Халанд да постигне пет гола на еден меч – тоа го направи и во Лигата на шампионите со „граѓаните“. Сепак, во квалификации за Светско првенство ваков подвиг е вистинска реткост. Последен кој успеал да даде пет погодоци на еден квалификациски натпревар бил Австриецот Ханс Кранкл против Малта во 1977 година – пред речиси половина век.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.