Шпанците не го есапат Чеферин, ќе се игра шпански фудбал во САД

September 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шпанците не го есапат Чеферин, ќе се игра шпански фудбал во САД

Фудбалската федерација на Шпанија официјално ја извести УЕФА дека натпреварот од 17. коло во Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона ќе се одигра во Мајами. Средбата е закажана за 21 декември, со што ќе се реализира долгогодишната идеја одредени мечеви од шпанското првенство да се играат надвор од земјата, со цел зголемување на глобалната популарност на Ла Лига. Првичните реакции од УЕФА и нејзиниот претседател Александер Чеферин беа негативни, но европската куќа на фудбалот призна дека нема правни механизми за да го спречи одигрувањето на натпреварот во САД. ФИФА уште пред две години даде согласност за ваков потег, наведувајќи дека лигашки натпревари можат да се играат и во други земји. Чеферин предупреди дека одлуката може да отвори пат и за другите лиги да го следат истиот пример. Италијанската Серија А веќе размислува за сличен чекор. „Загрижен сум за навивачите кои би останале разочарани,“ изјави Чеферин, додавајќи дека неговото влијание е ограничено ако националните федерации останат решителни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.