Ајван Тони: Саудиската лига е на исто ниво со Премиер лигата, Ал Ахли би се борел за топ 4

September 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ајван Тони: Саудиската лига е на исто ниво со Премиер лигата, Ал Ахли би се борел за топ 4

Англискиот напаѓач Ајван Тони предизвика големо внимание со изјавата дека Саудиската Про Лига е на исто ниво со Премиер лигата. Фудбалерот на Ал Ахли смета дека неговиот клуб би бил конкурентен за самиот врв во Англија. Во последните години, саудискиот шампионат е мета на критики поради енормните инвестиции и доведувањето на ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Нејмар, но Тони е убеден дека квалитетот на лигата е потценет. „За мене Саудиската лига е рамо до рамо со Премиерлигата. Да се натпреварува Ал Ахли таму, сигурен сум дека би биле во борба за топ 4. Ова е силна лига и луѓето не треба да ја омаловажуваат“, изјави Тони за Гардијан. Како аргумент, напаѓачот ја посочи победата на Ал Хилал над Манчестер Сити со 4-3 на Светското клупско првенство. „Сакав да твитнам нешто по тој меч, но знаев дека ќе бидам критикуван. Сепак, сите видоа што може Ал Хилал. Во Саудиска Арабија се игра сериозен фудбал и многу играчи би можеле да настапуваат во Премиерлигата,“ додаде тој. Тони минатото лето премина од Брентфорд во Ал Ахли, каде што постигна 35 голови и ја освои Азијската Лига на шампиони. Но, и покрај импресивната форма, селекторот Томас Тухел не го вклучи на последниот список за квалификациите за Мундијалот, па неговото место на СП во САД е неизвесно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.