September 11, 2025 | | Свет
Тимот на Пеп Гвардиола се соочува со нов голем проблем во пресрет на дербито со Манчестер Јунајтед. Египетскиот напаѓач Омар Мармуш заработи повреда на коленото настапувајќи за својата репрезентација и сигурно ќе го пропушти градското дерби, пренесува Гардијан. Тој беше заменет уште во деветтата минута од дуелот со Буркина Фасо, а од клубот потврдија дека тој ќе се врати во Англија за дополнителни прегледи и процес на рехабилитација. Пеп Гвардиола од претходно не може да смета на повредениот Рајан Черки, додека настапот на Фил Фоден е неизвесен. Единствена добра вест за „граѓаните“ е одличната форма на Ерлинг Халанд – норвешкиот голгетер постигна пет гола во убедливата победа на неговата репрезентација над Молдавија (11-1).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |