September 11, 2025 | | Свет
Килијан Мбапе уште еднаш отворено го поддржа Зинедин Зидан како можен наследник на Дидие Дешамп. Капитенот на „триколорите“ смета дека Зидан е личност со неприкосновен кредибилитет и авторитет да ја преземе националната селекција. „Не треба да се комплицира. Ако Зидан биде наследник, тоа е океј. Ако биде некој друг, и тоа е океј. Но Зидан е можеби единствениот во историјата на Франција кој има целосно право да стане селектор“, изјави Мбапе за Л’Екип. Иако го поддржа Зидан, ѕвездата на Франција потенцираше дека моментално е целосно фокусиран на успесите со актуелниот селектор Дешамп. Дидие Дешамп е на клупата на Франција од 2012 година и ги предводеше „петлите“ до светската титула во 2018 и до сребро во Катар во 2022. Тој веќе потврди дека ќе се повлече по Мундијалот во 2026 година. Зинедин Зидан, кој како тренер двапати го водеше Реал Мадрид и освои три последователни Лиги на шампиони, е без работа од 2021 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |