September 11, 2025 | | Свет
Ибрахима Конате полека се оддалечува од Ливерпул – трипати ја одбил понудата за продолжување на договорот, а Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата. Договорот на Французинот трае до јуни 2026 година, што отвора можност „кралевите“ да го донесат без обештетување. Шпанските медиуми пишуваат дека Конате веќе добил сигнали од Мадрид: ако реши да замине на крајот на сезоната, вратата на „Сантијаго Бернабеу“ му е ширум отворена. На „Енфилд“ владее загриженост – заминување на играч кој се сметаше за столб во дефанзивната линија би оставило голема празнина. Покрај Конате, Реал има уште еден приоритет: Вилијам Салиба од Арсенал. Иако договорен е до 2027 година, тој исто така може да стане слободен агент, сценарио кое веќе еднаш им успеа на Мадриѓаните со Трент Александер-Арнолд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |