Кој ако не тие: Португалците го прогласија Роналдо за најдобар!

September 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кој ако не тие: Португалците го прогласија Роналдо за најдобар!

Ново признание за Кристијано Роналдо – Португалецот е избран за најдобар играч во историјата на својата земја. Фудбалската лига на Португалија ја додели наградата „Најдобар на сите времиња“ со образложение дека Роналдо оставил неизбришлива трага и инспирирал генерации љубители на фудбалот. Ѕвездата на Ал Наср не присуствуваше на церемонијата, но испрати порака со благодарност: „Кариерата ми беше патување со многу соиграчи и тренери кои ме туркаа напред. Ова признание го делам со нив.“ Со 223 настапи и 141 гол, Роналдо е светски рекордер по број на мечеви и голови за национален тим. Последниот гол го запиша токму во победата над Унгарија со 2-3.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.