Роналдо се обидува, но засега не му оди: Нерешено на полувреме

July 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо се обидува, но засега не му оди: Нерешено на полувреме

Португалија и Словенија одиграа нерешено во првото полувреме. Најголемата шанса на натпреварот дојде откако во последната акција Палиња погоди статива. Словенија пред крајот на полувреме за момент се разбуди, но насочени се да го одбранат голот. Кристијано Роналдо изгледаше нервозен поради пропуштените шанси. Тој има најмногу шутеви на ова Европско првенство (15) без да постигне гол, а никогаш му се нема случено да не постигне гол на Европските првенства на кои играл. Се очекува Португалија во второто полувреме да нападне повеќе и што е можно порано да го совлада Облак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.