Опта: Премиер лигата најдобра во светот, Саудиска Арабија далеку назад

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Опта: Премиер лигата најдобра во светот, Саудиска Арабија далеку назад

„Опта“, компанијата позната по своите детални статистики и анализи, објави рангирање на најдобрите 30 фудбалски лиги во светот. Користејќи просек од рејтинзите на сите клубови во секое првенство, тие креираа формула што ги спореди националните шампионати. На врвот очекувано е Премиер лигата, која ова лето потроши над шест милијарди евра за засилувања. Второто место ѝ припаѓа на Серија А, а потоа следуваат Ла Лига, Бундеслигата и Лига 1. Интерес предизвикува високата шеста позиција на Чемпионшип, втората англиска лига, која во ова рангирање е посилна од белгиската и португалската лига. Во топ 10 уште влегоа бразилската Серија А и Ередивизија од Холандија. Посебно внимание привлекува и пласманот на МЛС од САД, која се најде на 12. место, пред многу традиционални европски првенства. Од друга страна, и покрај милионските инвестиции, саудиската Про лига е дури 29., зад вторите лиги во Англија, Италија и Германија. Од регионалните првенства, најдобро котира Хрватската прва лига која се наоѓа на 15. место. Првата македонска лига, пак, не се најде меѓу најдобрите 30.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.