Официјално: Даниел Аврамовски во редовите на Сиваспор

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Официјално: Даниел Аврамовски во редовите на Сиваспор

Македонскиот офанзивен играч Даниел Аврамовски ќе ја продолжи кариерата во Турција. Денеска беше официјално потврдено дека 29-годишниот фудбалер потпиша договор со Сиваспор. Аврамовски изминатата сезона играше за Игдир, претходно имаше кратка етапа во Болуспор, а во 2021 година настапуваше за Кајсериспор. Новиот клуб за него претставува четврта станица во турскиот фудбал. Во својата кариера, Аврамовски настапуваше и за повеќе клубови од регионот и Македонија, меѓу кои Вардар, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена звезда, ОФК Белград, Македонија Ѓорче Петров и Работнички, каде што ги направи првите фудбалски чекори. Тој има осум настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а последниот го забележа во 2021 година против Исланд во квалификациите за Светското првенство.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sivasspor (@sivasspor)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.