September 12, 2025 | | Македонија
Шкендија успешно го отвори петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Башкими со 2-1 во Тетово. Хероите на победата беа Решат Рамадани и Фабрис Тамба, кои донесоа нови три бода за актуелниот шампион. Иако тетовци имаа теренска иницијатива уште од самиот старт, првата вистинска шанса ја претворија во водство во 25. минута, кога Рамадани прецизно погоди со глава по изведен корнер. Со тој резултат заврши првото полувреме. Веднаш на почетокот од второто полувреме, во 53. минута, Тамба ја удвои предноста на „црвено-црните“ со прецизен удар од непосредна близина. Башкими успеа да се врати во игра во 76. минута преку реализиран пенал на Хаџиќ, но тоа беше недоволно за да избегнат пораз. По оваа победа, Шкендија се искачи на 10 бодови и останува во чекор со лидерите Силекс и Струга, кои своите натпревари од ова коло допрва ќе ги одиграат. Башкими остана на седум бодови. Подоцна вечерва (19:00) на „Тодор Проески Арена“ ќе се одигра уште еден интересен дуел – меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |