Елмас ѝ „збесна“ на УЕФА: Вратете ми го голот! (ФОТО)

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас ѝ „збесна“ на УЕФА: Вратете ми го голот! (ФОТО)

Медија тимот на УЕФА го сподели видеото од прекрасниот погодок на Елиф Елмас против Лихтенштајн, но македонскиот ас остана без официјално признат гол. Иако Елмас изведе импресивна соло акција и шутираше кон голот, топката при обидот да ја одбрани ја закачи голманот Бенџамин Бухел, по што заврши во мрежата. Наместо да му биде запишан погодок, УЕФА го води како автогол на чуварот на мрежата – нешто што ретко се применува во вакви ситуации. Овој потег предизвика незадоволство кај македонскиот репрезентативец, кој на објавата од УЕФА остави краток, но јасен коментар: „Вратете ми го голот.“ Фановите во коментарите масовно застанаа на страна на Елмас, сметајќи дека заслужува да му биде припишан еден од најубавите голови на репрезентацијата во последните квалификации.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by UEFA EURO (@uefaeuro)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.