September 13, 2025 | | Македонија
Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев продолжува со блескавите партии во дресот на Согдиана (Узбекистан). Тој беше главен херој во убедливата победа на својот тим над ОКМК (4-1), постигнувајќи два гола уште во првото полувреме. Дориев ја отвори гол-сметката во 28. минута, а потоа со втор погодок во самиот финиш на првото полувреме ја обезбеди комотната предност од 2-0 за својата екипа. Со тие два погодоци стигна до бројката од 12 голови оваа сезона, со што се искачи на врвот на листата на стрелци во узбекистанското првенство. Покрај головите, македонскиот напаѓач има запишано и 5 асистенции, што дополнително ја нагласува неговата форма. Интересно е што минатата сезона ја заврши токму со 12 погодоци, па оваа година има големи шанси да го надмине својот личен рекорд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |