September 13, 2025 | | Свет
Во спектакуларен меч со седум голови, Јувентус го совлада Интер со 4-3 во третото коло од Серија А и ја запиша највредната победа на стартот од сезоната. Дуелот започна жестоко – Кели донесе водство за „старата дама“ во 14. минута, но Чалханоглу брзо израмни. Во финишот на првиот дел Јилдиз со прекрасен удар повторно ги крена трибините во Торино за 2-1. Интер во вториот дел ја презеде иницијативата: Чалханоглу со својот втор гол израмни, а Маркус Турам во 76. минута донесе пресврт за „нераѕурите“. Сепак, завршницата повторно му припадна на Јувентус – Кефрен Турам стрелаше за 3-3, а во последните мигови Аџиќ со страшниот удар ја потврди драматичната победа од 4-3. Јувентус со оваа победа останува во самиот врв на табелата, додека Интер ќе мора брзо да се консолидира по болниот пораз во дербито.
🚨🇮🇹 ADZIC WINS IT IN THE 92ND MINUTE FOR JUVENTUS !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! WHAT A BEAUTIFUL GOAL !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Juventus 4-3 Inter.pic.twitter.com/ZK4ayqY4Ib
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 13, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |