September 13, 2025 | | Свет
Повеќе од 1,5 милиони барања за билети од навивачи од 210 земји се поднесени за Светското првенство во првите 24 часа од отворањето на пријавите, соопшти ФИФА. Најголем интерес покажале љубителите на фудбалот од земјите домаќини – САД, Канада и Мексико. Веднаш зад нив следуваат Аргентина, Колумбија, Бразил, Англија, Шпанија, Португалија и Германија. Оние што ќе бидат избрани во извлекувањето ќе добијат известување на 29 септември, а можноста за купување на билетите ќе ја имаат од 1 октомври. Правилата дозволуваат максимум четири билети по лице за еден натпревар и најмногу 40 билети за целиот турнир. ФИФА информира дека цената за билетите во групната фаза почнува од 60 американски долари. Следната фаза од продажбата ќе биде отворена во октомври.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |