September 14, 2025 | | Свет
Алехандро Гарначо на дебито за Челси доби критики поради грешка во одбраната која го чинеше неговиот тим два бода на гостувањето кај Брентфорд (2-2). „Сините“ успеаја да направат пресврт откако Палмер и Каиседо погодија за 1-2, но во третата минута од судиското надополнување домашните „пчели“ израмнија. По еден аут, топката стигна до Фабио Карваљо кој остана сам на втората статива и го постави конечниот резултат. Гарначо беше задолжен да го чува Карваљо, но Аргентинецот ја загуби концентрацијата и дозволи противникот непречено да реализира. „Имаше само една задача – да го маркира Карваљо. Во такви моменти мора да бидеш фокусиран, не смееш да дозволиш да ти избега. Гарначо заспа и Челси го плати тоа“, изјави Џејми Реднап како стручен коментатор за „Скај Спортс“. Гарначо дојде во Челси од Манчестер јунајтед на крајот од летниот преоден рок и токму против Брентфорд го имаше своето прво појавување во „синиот“ дрес.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |