September 14, 2025 | | Свет
Манчестер Сити со убедливи 3-0 го совлада Манчестер Јунајтед во дербито на „Итихад“ и уште еднаш ја покажа огромната разлика во квалитет меѓу двата градски ривали. „Црвените ѓаволи“ имаа свои обиди да создадат закана, но Џанлуиџи Донарума сигурно бранеше на голот на домаќините. Веќе во 18. минута стигна казната – Фил Фоден ја затресе мрежата и го отвори резултатот. На почетокот на второто полувреме Ерлинг Халанд со нов погодок го зголеми водството на „граѓаните“, а во финишот Норвежанецот повторно беше прецизен за конечни 3-0. Избраниците на Рубен Аморим се обидуваа да ја вратат неизвесноста, но немаа сили против моќниот ривал кој ја продолжи победничката серија во Премиер лигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |