September 14, 2025 | | Македонија
Арсими дојде до првата победа сезонава, откако во Битола убедливо го совлада Пелистер со 4-0 во рамките на петтото коло од Првата лига. Натпреварот се отвори дури во 66. минута кога Бесагиќ погоди за водство на гостите од 0-1. Пелистер не успеа да се врати во игра, а тоа го искористи Арсими кој за кратко време постигна уште два погодоци преку Таипи и Шефити. До крајот, гостите уште еднаш ја затресоа мрежата и го поставија конечниот резултат – 0-4. Со оваа победа, Арсими се искачи на седмата позиција на табелата со пет освоени бодови, додека Пелистер остана шести со еден повеќе – вкупно шест.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |