Детонит падна во Струмица, Беласица го зазеде третото место

September 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Детонит падна во Струмица, Беласица го зазеде третото место

Беласица дојде до важни три бода откако во Струмица минимално со 1-0 ја совлада Детонит Плачковица во дербито на четвртото коло од ВМФЛ. Натпреварот беше решен уште во првиот дел, кога Спиркоски во 36. минута ја затресе мрежата на гостите и го постави конечниот резултат. Со оваа победа, струмичани фатија приклучок со водечките екипи во лигата – Беласица сега има 10 бодови по четири одиграни кола, колку што имаат и Брегалница, Кожуф и Шкендија Арачиново.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.