September 15, 2025 | | Свет
Тренингот на Реал Мадрид денеска започна со задоцнување од еден час поради неочекувана допинг контрола. Во тренинг кампот „Валдебабас“ утрово се појавија претставници на Ла Лига со цел да тестираат шестмина фудбалери на „кралскиот клуб“. Акцијата предизвика негодување во Реал, особено затоа што дојде само еден ден пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. „Станува збор за стандардна процедура која клубот ја почитува, но начинот на кој беше спроведена предизвикува чудење“, пренесува „Марка“. Од клубот потсетуваат дека целиот претходен ден играчите биле достапни за тестирање, но тогаш никој не дошол. Утре Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Марсеј во првото коло од елитното европско натпреварување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |