Јунајтед е најлошиот тим во Премиер лигата откако Аморим дошол на клупата! (ФОТО)

September 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед е најлошиот тим во Премиер лигата откако Аморим дошол на клупата! (ФОТО)

Манчестер Сити му одржа лекција на Јунајтед и славеше со убедливи 3-0 во големото градско дерби од четвртото коло на Премиерлигата. Фил Фоден го отвори резултатот, а Ерлинг Халанд со два погодоци ја запечати победата на „граѓаните“. Најзаслужен за офанзивниот блесок беше Жереми Доку, кој запиша две асистенции и беше најдобриот поединец на „Етихад“. Со оваа победа, Сити ја прекина серијата од два порази и скокна на осмото место со шест освоени бодови. „Црвените ѓаволи“ останаа на 14. позиција со само четири поени – еден повеќе од опасната зона. Особено загрижувачки е тоа што откако Рубен Аморим седна на клупата во 12. коло од минатата сезона, Јунајтед има освоено само 31 бод на 31 натпревар со гол-разлика -13 – убедливо најслаб биланс од сите премиерлигаши во тој период.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.