September 15, 2025 | | Свет
Јувентус подготвува нов договор за големата надеж Кенан Јилдиз, пренесуваат италијанските медиуми. 20-годишниот турски репрезентативец беше херој во саботното дерби од 3. коло во Серија А – со гол и асистенција ја предводеше „старата дама“ до спектакуларна победа од 4:3 против Интер. По три одиграни натпревари, Јувентус и Наполи имаат максимални девет бода, а Јилдиз веќе запиша еден погодок и три асистенции. Фудбалерот кој потекнува од академијата на Баерн Минхен пристигна во Торино во 2022 година како 17-годишник, а минатата сезона се истакна со 12 голови и девет асистенции. Летово за него силен интерес покажа Челси и дури понуди 70 милиони евра, но Јувентус ја одби понудата и реши да го задржи во своите редови. Неговиот сегашен договор трае до јуни 2029 година, но управата на клубот подготвува ново, уште подобрено продолжување на соработката.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |