Јунајтед и Милан се „тепаат“ за Зиркзе: Одлуката е на фудбалерот!

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед и Милан се „тепаат“ за Зиркзе: Одлуката е на фудбалерот!

Џошуа Зиркзе ќе ја напушти Болоња ова лето, а во голема борба за неговиот потпис останаа два тима: Манчестер Јунајтед и Милан. После одличната сезона, тој го привлече вниманието на големите тимови, а два великана ќе се борат до крај за неговиот потпис. „Џошуа Зиркзе има откупна клаузула во неговиот договор и мислам дека 99 проценти ќе си замине од клубот“, рече директорот на Болоња, Сартори. Тој има откупна клаузула од 40 милиони евра која и двата тима се спремни да ја платат. Милан имаше проблем со високата провизија која ја бараа агентите на фудбалерот. Тен Хаг допрва ќе се сретне со претставници на Зиркзе и ќе го убедува фудбалерот да се пресели на Олд Трафорд. Неговата иднина ќе биде позната по Европското првенство, ако претходно не се случи некое чудо и еден од двата клуба во меѓувреме успее да го убеди. Јунајтед активно работи и на трансферот на Де Лихт каде со Баерн Минхен преговорите започнаа, а тимот од Минхен ќе бара минимум 50 милиони евра плус бонуси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.