Левандовски: Денешните фудбалери не се мотивираат ако им се дереш

September 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Левандовски: Денешните фудбалери не се мотивираат ако им се дереш

Роберт Левандовски, смета дека методите на мотивација во фудбалот значително се промениле во последните години. Според него, гласното викање и строгите пристапи на тренерите, кои порано беа вообичаени, денес можат да имаат негативен ефект врз младите играчи. „Јас сум од друга генерација каде викањето се користеше како мотивација за сите фудбалери. Но сега, ако им викате многу на младите, нивната реакција нема да биде иста. Нема да биде во стилот ‘ќе ти докажам дека не е така’. Новите фудбалери воопшто не сакаат да им се вика,“ објасни полскиот напаѓач. Левандовски додаде дека оваа промена не е присутна само во спортот, туку и во поширокото општество, бидејќи младите луѓе генерално имаат поинаков однос кон авторитетите и мотивацијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.