September 16, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед повторно е на мета на критики, овој пат од италијанскиот новинар Паоло Кондо, кој по најновиот пораз на „црвените ѓаволи“ упати саркастичен коментар. „Бог да го благослови Манчестер Јунајтед. Нема клуб во светот кој во последните 10 до 12 години подобро знае да уништи талент од нив. Денеска го видовме одличниот Хојлунд, минатата година Мектоминеј го однесе Наполи до Скудето, а да не ги заборавиме и одбраните на Де Хеа. Не можеме да им престанеме да им благодариме,“ изјави Кондо. Изјавата на Кондо уште еднаш го отвори прашањето за начинот на кој клубот работи со своите таленти. Во последната деценија бројни фудбалери, кои не успеаја целосно да се изразат на „Олд Трафорд“, по заминувањето ја пронајдоа својата вистинска форма и постигнаа врвни резултати во други клубови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |