September 16, 2025 | | Свет
Највозбудливиот натпревар од вечерашната програма во Лигата на шампионите се одигра во Торино, каде Јувентус и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларни 4-4. Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, со доминација во поседот на „старата дама“, но без вистински шанси. Сепак, во вториот дел следеше вистинска голеада. Борусија поведе во 52. минута, а десетина минути подоцна Кенан Јилдиз со еврогол изедначи. Веднаш потоа, Нмеча повторно донесе водство за „милионерите“, но Душан Влаховиќ во 67. минута израмни на 2-2. Гостите продолжија со напаѓачкиот стил и преку Куото во 74. минута и Бенсебаини од пенал во 86. минута дојдоа до 2-4, што изгледаше како крај на надежите за домаќините. Сепак, Јувентус приреди луда завршница – Влаховиќ повторно погоди, а во последните моменти Кели донесе големо реми 4-4. Српскиот напаѓач беше херој на тимот со два гола и асистенција.
🚨 GOAL | Lloyd Kelly 90' +6 What a crazy game !!! 🏆 Juventus 4-4 Borussia Dortmundpic.twitter.com/inkPm135Bf
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 16, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |