ЕП денес: Романија предизвик за Холандија, Австрија и Турција во битка за четвртфинале!

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ЕП денес: Романија предизвик за Холандија, Австрија и Турција во битка за четвртфинале!

Денеска ќе бидат познати и последните две селекции кои ќе патуваат во четвртфиналето. Првиот дуел е помеѓу Романија и Холандија, а вториот помеѓу Австрија и Турција. 18:00 Романија-Холандија Холандија треба да ја оправда улогата на фаворит денес, но фаворитите генерално на ова Европско првенство се мачат и ниту еден противник не е лесен и за потценување. Романија е едно од изненадувањата на овој турнир, а Холандија, пак потфрли во групната фаза и како третопласирана избори пласман во нокаут фазата. Холандија мора да покаже дека има квалитет во натпревар во кој нема простор за поправен. 21:00 Австрија-Турција Австрија е една од селекциите која покажа најмногу досега каде немаат некоја ѕвезда во тимот која се истакнува, но го имаат генијалецот од селектор Ралф Рагник кој знае што бара од својот тим. Австрија има потенцијал да стигне далеку на ова Европско првенство каде на патот им стои незгодната Турција. Турција пак поседува играчи како Гулер и Чалханоглу на кои им треба малку простор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.