Мбапе: Ги разбирам луѓето кои велат дека не беше пенал

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе: Ги разбирам луѓето кои велат дека не беше пенал

Килијан Мбапе беше клучниот играч во победата на Реал Мадрид од 2-1 против Марсеј, постигнувајќи два гола од белата точка. Сепак, вториот пенал предизвика бурни реакции и поделени мислења. Ситуацијата се случи кога играч на Марсеј во пад ја блокираше топката, која најпрво го погоди во телото, а потоа и во раката. Дел од фудбалската јавност смета дека тоа не требало да се санкционира. Мбапе по мечот изјави дека разбира зошто постојат различни толкувања. „Играњето со рака беше комплицирано. Понекогаш велат дека сите такви ситуации се пенали, понекогаш дека не се. Според мене беше пенал, но ги разбирам луѓето кои велат дека не е. Сите сме збунети,“ изјави францускиот напаѓач.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.