Лудиот меч во Торино влезе во историските книги во Лигата на шампионите

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лудиот меч во Торино влезе во историските книги во Лигата на шампионите

Јувентус и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларно реми 4-4 во Торино, во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Првото полувреме помина мирно без голови, но вториот дел донесе вистинска фудбалска драма со дури осум погодоци. За гостите од Дортмунд погодија Адејеми, Нмеча, Коуто и Бенсебаини, додека Јувентус возврати преку Јилдиз, двапати Влаховиќ и Лојд Кели, кој во 96. минута донесе реми за „старата дама“. Ова второ полувреме ќе остане запаметено како едно од најатрактивните во историјата на Лигата на шампионите. Вакво нешто досега се случило само еднаш – кога Баерн Минхен славеше над Динамо Загреб со 9-2, постигнувајќи ист број на голови во едно полувреме.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.