September 17, 2025 | | Македонија
Попладнево се одиграа уште два натпревари од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, по кои веќе нема екипи со максимален учинок. Вчера Силекс загуби од Башкими (2-1), а денеска серијата од пет победи на стартот ја прекина и Струга, која на свој терен ремизираше со Шкендија (1-1). Првото полувреме помина без голови, а во вториот дел видовме по еден погодок на двете страни. Тамба донесе водство за Шкендија во 53. минута, а домаќините израмнија на десетина минути пред крајот. Во следното коло Струга ќе гостува во Кратово кај Силекс, додека Шкендија ќе игра против Тиквеш. Добри вести за Тиквеш, кој ја запиша првата победа сезонава со минимални 1-0 против последнопласираниот Шкупи. Единствениот гол го постигна Садик во 27. минута. Чаирчани можеа да загубат и поубедливо, но голманот Гроте со 11 одбрани го одржуваше својот тим во игра. Сепак, Германецот доби црвен картон за брутален старт надвор од шеснаесетникот, со што го расипа одличниот впечаток. По овој резултат, Шкупи останува закован на дното без бодови и со шест порази во исто толку кола, додека Тиквеш со пет освоени бода се искачи на деветтата позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |