Јилдиз потсети на Дел Пјеро со мајсторскиот гол против Борусија (ВИДЕО)

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јилдиз потсети на Дел Пјеро со мајсторскиот гол против Борусија (ВИДЕО)

Кенан Јилдиз беше еден од најдобрите на теренот во спектакуларното реми меѓу Јувентус и Борусија Дортмунд (4-4). Младиот напаѓач во 63. минута постигна прекрасен гол, кој навивачите на „старата дама“ веднаш го споредија со една од најпознатите мајстории на Александро Дел Пјеро. Интересно е што погодокот на Јилдиз неодоливо потсетува на оној на Дел Пјеро постигнат во 1995 година – и тоа токму против Борусија Дортмунд, само што тогаш мечот се играше во Германија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.