(ВИДЕО) Новинар со незгодно прашање до Де Брујне, овој го нарече „глупав“!

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

(ВИДЕО) Новинар со незгодно прашање до Де Брујне, овој го нарече „глупав“!

Белгија изгуби од Франција во осминафиналето со несреќниот автогол на Вертонген во 86. минута а после натпреварот Де Брујне даде изјава за медиумите каде дојде до еден непристоен момент. Италијанскиот новинар Танкреди Палмери го праша зошто златната генерација на Белгија не освоила ништо. „Сакаш да кажеше дека Франција, Англија, Шпанија или Германии немаат златни генерации? Во ред благодарам“. Кога тргна кон соблекувалната Де Брујне гласно рече „глупав“ за новинарот.

Палмери тоа го слушна, па не му остана должен. „Еј Кевин, потсетување за тебе: Сите генерации што ги спомна – од Франција, Англија, Германија, Шпанија…сите играле финале. Типичен фудбалер кој сака само прашања кои го фаворизираат. Разгалено детиште“, му одговори Палмери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.