September 17, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед лани сезоната ја заврши на 15. место во Премиер лигата – најлош пласман во последните 51 година. Но, и покрај очајните резултати на теренот, финансиската состојба на клубот покажува сосема поинаква слика. „Црвените ѓаволи“ ги објавија резултатите за финансиската година што заврши на 30 јуни 2025 година, откривајќи рекордни приходи од 666,5 милиони фунти. Иако клубот ја завршил сезоната со загуба од 33 милиони фунти, тоа претставува значително подобрување во однос на претходната година, кога негативата изнесуваше 113,2 милиони фунти. Сепак, раководството предупреди дека проекциите за сезоната 2025/26 не се оптимистички. Очекуваните приходи се движат меѓу 600 и 640 милиони фунти, што претставува пад во споредба со актуелниот рекорд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |