Барселона без Ламал против Њукасл во Лигата на шампионите

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона без Ламал против Њукасл во Лигата на шампионите

Каталонскиот гигант Барселона ќе биде значително ослабен на денешното гостување кај Њукасл во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Младиот талент Ламин Јамал сè уште се жали на повреда на препоните заработена за време на репрезентативните обврски со Шпанија и нема да биде во комбинација за настап. Јамал не играше ниту на последниот меч на Барселона против Валенсија, кој „блауграна“ го доби убедливо со 6:0. Сепак, дуелот со англискиот претставник ќе биде далеку посериозен предизвик за избраниците на Ханси Флик. Освен Јамал, Барселона нема да може да смета ниту на Балде и Гави, но охрабрувачка вест за Флик е враќањето на Френки де Јонг во составот. Каталонците минатата сезона стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите, додека Њукасл не беше дел од натпреварувањето. Утрешниот дуел ќе биде можност англискиот тим да се врати на големата сцена, а Барселона да покаже дека повторно има амбиции за највисок дострел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.