Хаос во Дортмунд: Гираси и Бенсебаини ќе се степаа кој да го шутира пеналот (ВИДЕО)

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хаос во Дортмунд: Гираси и Бенсебаини ќе се степаа кој да го шутира пеналот (ВИДЕО)

Уште првиот ден од новата сезона во Лигата на шампионите донесе натпревар за паметење. Јувентус и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларни 4:4, но покрај осумте погодоци, вниманието го одзеде бизарната сцена при досудениот пенал за „милионерите“ во 83-та минута. Кога судијата покажа на белата точка, на теренот настана вистинска расправија. Рами Бенсебаини прв ја зеде топката, но Серху Гираси инсистираше токму тој да го изведе ударот. Во расправијата се вклучија и Јулијан Брант и Карим Адејеми, кои се обидуваа да ја смират тензијата, но ситуацијата стана толку напната што мораше да реагира и тренерот Нико Ковач. Телевизиските камери го забележаа Ковач како мавта со рака и извикнува „Серху!“, па потоа „Рами!“, јасно изразувајќи незадоволство што не се почитува претходниот договор околу изведувачите на пенали. По натпреварот, стратегот на Дортмунд не го криеше разочарувањето. „Беше стресно. Морам да го пофалам тимот што играше вака пред страсна публика и одигра одлично прво полувреме. Во второто бевме поофанзивни и создадовме шанси. Но, последните неколку минути не беа добри и тоа боли. Сепак, момците заслужуваат пофалби“, изјави Ковач.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.