Гвардиола: Ние не сме фаворити за да ја освоиме ЛШ

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола: Ние не сме фаворити за да ја освоиме ЛШ

Манчестер сити денес го пречекува Наполи во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите, а тренерот Пеп Гвардиола пред дуелот порача дека неговиот тим не е меѓу фаворитите за трофејот. Каталонецот нагласи дека не дава приоритет на ниту едно натпреварување, туку е целосно фокусиран на претстојниот натпревар. „Очигледно не сме меѓу фаворитите за трофејот, затоа сакаме едноставно да уживаме во моментот. Среќни сме што сме овде, фокусирани сме на натпреварот и на тоа да започнеме позитивно. Минатата година стартувавме со реми против Интер и се надеваме дека утре ќе успееме да направиме подобар резултат. Мојот приоритет отсекогаш бил следниот натпревар. Не можеме да бираме мечеви, секој е важен. Новиот формат на ЛШ носи повеќе неизвесност, затоа мора да собереш повеќе поени за да бидеш меѓу првите осум, инаку ризикуваш да завршиш во групата меѓу првите 24“, изјави Гвардиола. Дуелот на „Етихад“ ќе биде посебен и по враќањето на Кевин де Брујне, кој летово го напушти Сити, но остави длабока трага со блескавата кариера во дресот на „граѓаните“. „Со нетрпение очекувам да го видам по натпреварот. Играчите од негово ниво се адаптираат многу брзо и не им треба многу време за да покажат на што се способни. Не сум изненаден ниту од настапите на Скот Мектоминеј во Наполи – тој имаше сè што е потребно за да успее таму“, додаде стратегот. Дуелот носи посебна доза на интерес и за македонските љубители на фудбалот, бидејќи во составот на Наполи е и единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите оваа сезона – Елиф Елмас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.