September 18, 2025 | | Свет
Легендарниот дански голман Питер Шмајхел изрази големо незадоволство од трансфер-политиката на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Според него, клубот направил сериозна грешка што не го довел аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез од Астон Вила. Наместо тоа, „црвените ѓаволи“ го ангажираа 23-годишниот Сен Леменс од Ројал Антверп за 20 милиони евра. „Требаше да го доведат Емилијано Мартинез. Кога имаа прилика, требаше да тргнат и по Донарума, но тоа беше поинаква ситуација. Со Мартинез работата изгледаше речиси завршена и беше одлична опција. Докажан е на највисоко ниво, знае да игра големи натпревари и може да биде лидер. Тој е голман кој го принудува напаѓачот да размисли двапати пред да шутира, а тоа е клучно“, рече Шмајхел. Астон Вила бараше околу 46 милиони евра за Мартинез, кој е светски првак со Аргентина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |