September 21, 2025 | | Македонија
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски конечно ја „распакуваше“ голгетерската сметка во дресот на Глазгов Ренџерс. Штипјанецот беше стрелец на вториот погодок во победата од 2-0 над Хибернијан во Лига купот, со што ги освои симпатиите на публиката на „Ајброкс“. Миовски се најде на вистинското место во второто полувреме и со мирна реализација ја запечати победата, оставајќи силен впечаток кај навивачите кои едвај чекаа да го видат во акција. По мечот, за клупската телевизија тој го сподели задоволството: „Тимот беше фантастичен од првата минута. Првиот гол ни ја отвори играта, а потоа креиравме уште многу шанси. Убаво е да се даде деби-гол и верувам дека ова е само прв од многуте. Немав доволно време да тренирам со сите соиграчи поради репрезентативните обврски, но чекор по чекор ќе станеме уште посилни. Во Ренџерс постои едно правило – секогаш мора да победуваме. Кога го правиме тоа, добиваме и сила и самодоверба за понатаму.“ Следната можност за нов гол ќе ја има веќе во четврток, кога Ренџерс во Лига Европа ќе се сретне со белгискиот Генк.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |