Познато зошто Флик го казнил Рашфорд

September 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато зошто Флик го казнил Рашфорд

Иако по одличниот настап против Њукасл се очекуваше да стартува во Ла Лига дуелот со Хетафе, Маркус Рашфорд натпреварот го почна од клупата за резерви. Според информациите на „Дејли Мејл“, англискиот напаѓач бил казнет од тренерот Ханси Флик затоа што задоцнил две минути на тимски состанок. Наместо него, место во стартната постава добија Феран Торес и Роберт Левандовски, при што Торес беше префрлен на левото крило и се истакна со два постигнати гола. Флик и претходно знаел да биде строг со вакви пропусти – минатата сезона со казни се соочија Жил Кунде и Ињаки Пења, а оваа кампања истата судбина ја имаше и Рафиња, кој поради задоцнување не стартуваше против Валенсија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.