ФК Победа со нов тренер – Филип Мирчески на местото на Дунимаглоски

September 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФК Победа со нов тренер – Филип Мирчески на местото на Дунимаглоски

ФК Победа ја потврди оставката на досегашниот тренер Стојанче Дунимаглоски, а за нов шеф на стручен штаб е назначен Филип Мирчески. Прилепскиот клуб со големи проблеми ја почна новата сезона во Втората лига, состави тим во последен момент, но резултатите се слаби. По тешкиот пораз од Скопје (8-1), Дунимаглоски поднесе оставка која клубот утринава официјално ја прифати. „ФК Победа искажува искрена благодарност до тренерот Стојанче Дунимаглоски за неговата посветеност, професионалност и придонес. Му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, соопшти клубот. Наскоро потоа беше потврдено дека Филип Мирчески ја презема функцијата прв тренер. „Време е за нова енергија во тимот, Филип Мирчески е поставен за шеф на стручен штаб на ФК Победа“, стои во соопштението. Победа по пет кола има само едно реми и четири порази.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.