Недвед и Ањели условно осудени за финансиски малверзации

September 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Недвед и Ањели условно осудени за финансиски малверзации

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Павел Недвед, и поранешниот претседател на клубот, Андреа Ањели, беа осудени на условни затворски казни поради финансиски малверзации. Судијата Ана Марија Гавони од римскиот суд го осуди Недвед на една година и два месеци, додека Ањели доби шест месеци повеќе. Двете казни се условни, што значи дека затвор ќе им следува само ако повторно сторaт слично дело. Финансиските злоупотреби се случиле додека двајцата биле дел од управата на Јувентус, при што клубот, познат како „старата дама“, исто така е казнет со 156.000 евра. Малверзациите се одвивале за време на пандемијата, кога биле прикриени вистинските финансиски извештаи на клубот.Јувентус веќе имаше проблеми со регулаторите, бидејќи во сезоната 2022/2023 беше казнет со одземање бодови во Серија А.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.