ПСЖ го продаде Донарума, па сега ќе страда од киксовите на новиот голман (ВИДЕО)

September 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ го продаде Донарума, па сега ќе страда од киксовите на новиот голман (ВИДЕО)

Летово ПСЖ донесе храбра одлука – да се раздели со Џанлуиџи Донарума и да инвестира повеќе од 50 милиони евра во нов чувар на мрежата, Лукас Шевалие од Лил. Но, стартот на младото засилување далеку од тоа дека носи сигурност. Во дербито против Марсеј, историскиот ривал по прв пат по 14 години славеше дома над „светците“ – и тоа благодарение на голманска грешка. При една наизглед безопасна нафрлена топка, Шевалие направи несфатлив кикс: тргна во празно, ја промаши топката и му подари лесен погодок на Агерд, кој го реши натпреварот. Францускиот класико заврши со минимални 1-0 за Марсеј, а ПСЖ остана да жали за несигурноста на својот најскап летен трансфер. Дополнителна иронија е фактот што токму во истиот ден во Париз, Џанлуиџи Донарума беше награден со престижниот трофеј „Јашин“ за најдобар голман во светот на церемонијата за „Златната топка“. Времето ќе покаже дали продажбата на Италијанецот и доведувањето на Шевалие биле вистинска стратегија или скапа грешка на управата на ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.