September 23, 2025 | | Свет
Хари Кејн повторно е во центарот на шпекулациите, овојпат поради откупна клаузула во неговиот договор со Баерн Минхен. Според медиумите, англискиот голгетер би можел да биде достапен за „само“ 65 милиони евра, но под еден услов – до крајот на јануари мора да ја изрази својата намера за заминување. Ова значи дека веќе следното лето Кејн може да се врати во Премиер лигата, каде интересот за него никогаш не престанал. Иако напаѓачот тогаш ќе има 33 години, сумата од 57 милиони фунти (околу 65 милиони евра) не претставува сериозна пречка за англиските гиганти. За Баерн, сценариото изгледа уште понезгодно ако се земе предвид фактот дека Кејн во третата сезона на „Алианц Арена“ започна неверојатно – со 13 голови и 3 асистенции на само 7 натпревари во сите конкуренции. Прашањето кое останува е дали Минхен ќе може да го задржи својот голгетер или пак Премиер лигата повторно ќе го врати дома.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |