Градските власти го стопираа враќањето на Барса на Камп Ноу

September 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Градските власти го стопираа враќањето на Барса на Камп Ноу

Градските власти во Барселона ставија стоп на плановите на клубот за враќање на „Камп Ноу“. Иако каталонците очекуваа в недела против Реал Сосиедад да настапат пред околу 27.000 навивачи на делумно реновираниот стадион, безбедносните процени покажале дека тоа е невозможно. „Камп Ноу“ сè уште е во реконструкција и, според властите, не постојат услови да се гарантира сигурноста на гледачите дури ни со ограничен капацитет. Така, Барселона е приморана да остане на олимпискиот стадион „Монжуик“, каде што ќе ги одигра и следните натпревари, вклучувајќи го и дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите на 1 октомври. „Ја разбираме желбата на клубот што е можно побрзо да се врати на својот стадион, но за нас безбедноста на публиката е апсолутен приоритет,“ соопшти кабинетот на градоначалникот на Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.