Слот бесен: Она што го направи Екитике беше навистина глупаво

September 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Слот бесен: Она што го направи Екитике беше навистина глупаво

Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, од херој за момент стана трагичар. Французинот го донесе триумфот над Саутхемптон со гол во 85-тата минута од осминафиналето на Лига купот, но веднаш потоа доби втор жолт картон и беше исклучен. Екитике во занесот на славјето го соблече дресот и истрча кон трибините на „Енфилд“, заборавајќи дека веќе имаше опомена. Тој потег ќе го чини пропуштање на дуелот со Кристал Палас во Премиер лигата, каде што неговото место во нападот ќе го заземе Александар Исак, кој го постигна својот прв погодок во црвениот дрес. Менаџерот Арне Слот по натпреварот не ја криеше својата лутина. „Не е глупаво само затоа што му беше втор жолт картон – глупаво е и да немаше претходна опомена. Ако постигнев гол како тој, ќе се свртев кон Кјеза и ќе му честитав за асистенцијата. Навистина беше непромислено,“ изјави Слот. Екитике, пак, се извини преку социјалните мрежи. „Бев пресреќен што му донесов победа на тимот во мојот прв натпревар во ова натпреварување. Емоциите ме совладаа. Се извинувам на сите.“ Французинот летово пристигна од Ајнтрахт и со добрата форма веднаш го освои вниманието на навивачите, но инцидентот сега го остава надвор од акција за наредниот важен меч.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.