Сензација во Купот: Охрид и Детонит одат понатаму, Шкупи и Беласица потфрлија (ВИДЕО)

September 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Сензација во Купот: Охрид и Детонит одат понатаму, Шкупи и Беласица потфрлија (ВИДЕО)

Купот на Македонија доби две големи изненадувања – второлигашите ГФК Охрид и Детонит Плачковица обезбедија место во четвртфиналето. Охриѓани одиграа убедливо и пред своја публика го декласираа Шкупи со 3-0. Тимот од Чаир е во длабока криза – без бодови по шест кола во ПМФЛ, а не успеа да се спаси ниту во Купот. Херои на „рибарите“ беа Иван Глигоров со два погодоци и Антонио Каланоски со еден. Уште поголема сензација приреди Детонит Плачковица. Тимот од Радовиш со гол на новајлијата Иван Галевски уште во 2-та минута го совлада фаворизираниот Беласица со 1-0. Голманот Димитар Георгиев блескаше меѓу стативите, спасувајќи неколку чисти шанси и со тоа го осигури еден од најголемите успеси на клубот во поновата историја. Преостанатите четвртфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на останатите натпревари, кои ФФМ ги закажа во текот на следните две недели.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.