Алегри со четири златни правила го враќа духот на стариот Милан

September 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Алегри со четири златни правила го враќа духот на стариот Милан

Макс Алегри повторно е во центарот на вниманието во Италија, но овојпат не поради Јувентус, туку поради неговото влијание во Милан. Откако летово го презеде тимот, стратегот не само што го стабилизираше тимот на теренот, туку воведе и серија правила зад кулисите кои целосно го менуваат духот во клубот. По стартниот кикс во Серија А, „росонерите“ наредија четири победи во низа без да примат гол – резултати што предизвикуваат лавина пофалби за новото лице на Милан. Според „Кориере дела Сера“, Алегри вовел четири строги правила за дисциплина и заедништво: Италијанскиот како задолжителен јазик – со цел подобра комуникација на теренот, но и разбирање на противници и судии. Ова е нешто што и Златан Ибрахимовиќ одамна го инсистираше. Заеднички оброци – сите играчи и членови на стручниот штаб јадат на една маса во кантината за да се избегне формирање групи и „кланови“. Дрес-код за гостувања – сите, од фудбалери до персонал, мора да носат официјална облека на клубот: сако и вратоврска, како симбол на стил, единство и професионалност. Карантин пред натпревари – задолжителен престој на екипата за зголемена концентрација и фокус. Овие мерки, велат италијанските медиуми, претставуваат враќање кон духот на „стариот Милан“ од златната ера на Силвио Берлускони – време кога дисциплината, стилот и победите одеа рака под рака.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.