September 25, 2025 | | Свет
Ливерпул избори место во следната рунда од Лига купот, совладувајќи го Саутхемптон со 2-1, но приказната по мечот не е само победничкиот гол на Уго Екитике во 85-тата минута, туку и неговата непромислена прослава. Францускиот напаѓач стана херој на „Енфилд“ со голот за триумф, но само неколку секунди подоцна направи голема глупост. Во занесот на емоции, Екитике го соблече дресот и го покажа кон навивачите на Ливерпул, заборавајќи дека веќе имаше жолт картон. Судијата без двоумење му покажа втор, а потоа и црвен картон. Последиците не застануваат тука – Екитике ќе мора да паузира еден натпревар и сигурно ќе го пропушти дуелот против Кристал Палас. Клубот, пак, не останува само на дисциплината на ФА – „црвените“ подготвуваат и внатрешна санкција. Играчот ќе биде казнет со одземање на две неделни плати, што изнесува околу половина милион евра. Така, наместо да остане запаметен како херој, Екитике ја заврши вечерта како анти-херој, а неговата прескапа грешка веќе е топ-тема меѓу англиските медиуми и навивачите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |